Силувањето е последица на неконтролирана сексуална желба

Објаснување:

Повеќето силувачи, всушност, и имаат сексуални партнери, така што не станува збор за тоа дека се работи само за потреба за ослободување од сексуална напнатост.

Силувањето е еден вид на манифестација на надмоќ, а не неконтролирана сексуална желба.

Задоволството од силувањето, всушност, е поврзано со чувство на ослободување од лутината/агресијата или од стекнувањето на чувство на надмоќ и способност да се контролира другиот.

Не постои оправдување на чинот на силување.

Митови:

  1. Ако девојката била облечена провокативно, тогаш сама си е крива што била силувана.
  2. Силувањето не може да му се случи секому. Жртвите се главно млади и атрактивни девојки.
  3. За да постои сексуално вознемирување мора да има физички контакт.
  4. Не може да се зборува за силување ако насилникот не употребува оружје или физичка сила за да ја оствари својата цел.
  5. Силувачите се „криминални типови’’ или ментално болни и, главно, им припаѓаат на ниските социјални слоеви.

Факти:

  1. Во ниту еден случај, никогаш, облеката или однесувањето на девојката не е покана/провокација за силување! Жртвата на насилство во никој случај не е виновна за насилството кое и е извршено. Податоците добиени од бројните центри за помош на жртвите говорат дека начинот на облекување и изгледот не се во корелација со изборот на силувачите кој ќе биде жртвата. Жртвите може да се облечени најскромно можно и повторно да станат жртви.
  2. Статистичките податоци од истражувањата, центрите за помош на жртвите и полициските извештаи говорат дека не постои возраст, класа, етничка припадност, раса или степен на образование што е гаранција за тоа дека лицето не може да биде жртва на сексуален напад. Точно е тоа дека младите девојки се под најголем ризик, но не се единствените на кои може да им се случи да бидат силувани.
  3. Под сексуално вознемирување спаѓаат: непожелни пораки со сексуална конотација, гестикулации, фотографирање или покажување на фотографии од телото со сексуално значење без дозвола, озборување и ширење гласини со сексуална конотација, закани, навредливи коментари со сексуална содржина и сл.
  4. Силувањето може да се врши и под вербални закани (на пример, за губење на работното место, нанесување штета на жртвата или на нејзиното семејство и сл.). Исто така, сe почести се силувања во кои жртвата е алкохолизирана или дрогирана (постојат и т.н. „дроги за силување”), при што насилникот воопшто не мора да употребува сила, затоа што жртвата не ни може да се спротивстави. Ист е случајот и кога жртви на сексуално насилство се индивидуи што не можат самостојно да се грижат за себе и да донесуваат одлуки поради различни видови ментален хендикеп.
  5. Меѓу силувачите има луѓе од сите професии, екстровертни и интровертни луѓе, богати и сиромашни, луѓе во брак и со деца. Истражувањата покажуваат дека само незначителен процент од извршителите на овој насилен чин имаат ментални нарушувања или емоционални проблеми. За сите нив заеднички е начинот на кој ја изразуваат потребата за доминација и лутина – преку злонамерно нанесување емоционална и физичка болка на жртвите. Потребата за моќ, потребата за контрола и бесот се првенствените мотиви на силувањето, а сексуалноста е само начин тие да се изразат.

 

Во сите случаи кога не постои сексуална согласност од двете страни, лицето што не дало согласност, а е принудено на сексуален однос, е жртва на сексуално насилство познато како силување. Никој не е сосема заштитен од можноста да биде жртва, па затоа треба да размисли за најдобрите начини да се заштити од ризиците.

Меѓу луѓето постојат погрешни уверувања во врска со силувањето, кои се мошне штетни, пред сè затоа што жртвата страда поради нив и често не го пријавува силувањето или не може да се заштити соодветно. Овие погрешни уверувања особено се присутни меѓу мажите/момчињата, а ги погодуваат жените/девојчињата, бидејќи тие многу почесто се жртви на силување (најмалку 90 проценти од случаите).

Еден од најраспространетите митови е дека жртвата го предизвикала силувањето со своето однесување (на пример, била сексипилна, шетала навечер или го поканила дома насилникот). Иако во мал број ситуации однесувањето може да придонесе кон ризикот, тоа не ја прави жртвата одговорна за насилството. Вината за насилството е само кај оној што го врши.

Друга таква заблуда е дека силувањето се врши затоа што насилникот имал многу силна сексуална желба и не можел да се спречи себеси. Ниту желбата е оправдување за таквото однесување, ниту, пак, е точно дека луѓето силуваат од „страст”. Силувањето е само и само насилство.

Често луѓето тврдат дека за силување може да стане збор само ако силувачот има оружје или ја тепа жртвата, што не е точно, бидејќи еднакво може да се принуди и со уценување, застрашување и сл.

Заблуда е и тоа дека само помлади и атрактивни жени може да бидат жртви на силување. Жртви може да бидат сите – и деца, и момчиња/мажи и постари жени/мажи, и хетеросексуалци и хомосексуалци.

Некои од мерките што може да се преземат за да се превенира можноста да станеме жртви на силување е да водиме сметка за тоа со кого остануваме насамо, да се трудиме да обезбедиме придружба при движење во пусти места и слично. Некои жени и девојки носат разни спрејови со кои привремено се онеспособува напаѓачот.

Дополнителни информации...

Наскоро

Публикации...