ССО Што?

Објаснување:

Сеопфатното сексуално образование (ССО) подразбира  учење за когнитивниот, емоционалниот, социјалниот, и физичкиот аспект на сексуалноста. Сексуалното образование започнува рано во детството и продолжува низ адолесценцијата и зрелоста. За децата и младите луѓе, тоа има за цел поддршка и заштита на сексуалниот развој. ССО се состои од 7 компоненти: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, врски и односи, насилство и различност.

Митови: 

  1. Сексуално воспитание ги учи младите само анатомија , ХИВ и кондоми
  2. Сексуално образование не е за деца.
  3. ССО ги учи младите од помали да имаат секс.
  4. Ги охрабрува децата и младите да имаат поголем бројот на сексуални партнери.
  5. ССО ги учи децата да бидат хомосексуалци

Факти:

  1. ССО е акроним за сеопфатно сексуално образование кое не се однесува само на биолошките аспекти на сексуалноста на превенцијата од болестите и бременоста. ССО ги вклучува сите културолошки, психо/социјални и емоционални аспекти на сексуалноста односно задоволството и сексуалната различност како основа за една здрава и толерантна млада личност
  2. Општо е прифатено дека сеопфатното сексуално образование треба да им биде достапно на сите, но и да се прилагоди и да се структурира според возраста и степенот на развојот кај децата и младите. Препорака на Светската здравствена организација е со ССО да се почне уште од најрани години.
  3. Спротивно на верувањето, ССО помага во одложување на одлуката за започнување на сексуални односи, токму поради подобрата информираност на младите. ССО исто така ги ослободува младите од притисокот да имаат секс заради околината.
  4. ССО охрабрува децата и младите да се информираат и да носат одлуки ослободени од притисоци пред да започнат со сексуални односи, Ова придонесува кон намалување на ризичните односи.
  5. ССО ги информира младите за постоењето на различни сексуални ориентации и потсетува дека насилството и предрасудите се основни пречки за развојот на подобро општество како главна причина за насилство и дискриминација.

Сеопфатното сексуално воспитание и образование претставува континуиран процес на стекнување на знаења, развивање на вештини, ставови и вредности за идентитетот, врските и интимноста како и за сексуалноста воопшто. На сексуалното образование не треба да се гледа како на изолиран пристап, туку како на важна, холистичка и комплексна алка во пошироката иницијатива за унапредување на здравјето и благосостојбата кај децата и младите.

Сеопфатното сексуално образование подразбира образование што го опфаќа целосниот систем на вредности кои ќе им овозможат на децата и на младите да ги практикуваат своите сексуални и репродуктивни права и да донесуваат одлуки поврзани со нивната сексуалност и со нивното здравје.

Сеопфатното сексуално образование е составено од следните компоненти:

Род – Во овој дел се објаснува разликата помеѓу род и пол, преку интерактивна работилница учениците сами доаѓаат до заклучоци што претставуваат родовите улоги, норми правила и идеали. Се дискутира како родовите улоги влијаат на индивидуите и зошто е важно да ги знаеме.

СРЗ – Сексуално и репродуктивно здравје. Оваа сесија е поделена на три подрачја кои го обработуваат сексуалното и репродуктивно здравје преку интерактивни активности.

ХИВ – Што претставува ХИВ и како да се заштитиме.

СПИ – Што се сексуално преносливи инфекции, какви симптоми имаат и како да ги превенираме.

Контрацепција – Какви видови постојат, зошто е битна, каде повеќе да се информираме.

Граѓански аспекти –  Во овој дел исто така преку интерактивни работилници се учи за сексуалните права кои се неделиви од човековите права. Учениците разговараат како сексуалното и репродуктивно здравје и права влијаат на нашите животи, како да препознаат дека нечие право било прекршено и кои се механизмите кон кои можат да се обратат. Во овој дел се зборува и за тоа како да ја скршиме предрасудата кон лицата кои живеат со ХИВ.

Задоволство – Учениците разговараат за тоа што претставува љубовта, сексуалната желба и сексуалното задоволство, односно дека сексуалноста не поврзана само со проблеми со здравјето Кога сексуалниот однос може да ни причини задоволство, кои се условите кои ни се потребни и за што се треба да сме информирани за да знаеме дали сме подготвени за сексуални односи.

Врски и односи – Во оваа сесија се разговара зошто романтичните врски се битен дел во адолесценцијата, што всушност претставува врска која е базирана на почит доверба и разбирање. Се разговара за различните форми на врската. Се дискутира и кои се вештини ни се потребни за подобрување на нашите врски и односи, но и колку е важно да бидеме свесни, и отворени кон нашите желби.

Насилство – Преку интерактивни активности учениците дознаваат што точно претставува насилството и сексуалното вознемирување како форма на насилството. Се дискутира за основните сегменти на  сексуалното вознемирување со цел истото полесно да се препознае. Се дискутира и кои се видови на сексуално вознемирување постојат.

Различност – Во оваа сесија се открива што претставува сексуалноста и какви видови сексуалност постојат. На крајот се разговара  како и дали родовиот идентитет е поврзан со сексуалноста и какви родови идентитети постојат. Се дискутира за предрасудите но и се потсетува на меѓусебната почит и слобода без која никој од нас не може да живее убаво.

Дополнителни информации...

Наскоро

Публикации...