Дали ХИВ се пренесува од заразените портокали?

Објаснување :

ХИВ не се пренесува преку лимони и портокали. ХИВ не се пренесува преку храна. ХИВ не се пренесува преку дигестивен систем. Дури и во овошјето да имало вбризгано крв инфицирана со ХИВ, вирусот не би преживеал во надворешна средина ниту 5 минути, особено не во таква кисела средина. ХИВ се пренесува само преку телесни течности: крв, сперма, претсемена течност, вагинален секрет и мајчино млеко.

Митови:

1. Со ХИВ се инфицираат само хомосексуалци и девојки кои спиеле со многумина.
2. ХИВ позитивно лице се препознава со голо око.
3. ХИВ се добива од бакнеж.
4. Ако мајката е ХИВ позитивна детето сигурно ќе биде исто така ХИВ позитивно.
5. Ако сум ХИВ позитивен/на мојот живот заврши.

Факти:

1. Не постојат групи склони на ХИВ, постои само ризично однесување. Доволен е само еден незаштитен сексуален однос, макар и првиот, со ХИВ позитивен/а партнер/ка, за да се инфицираме.
2. Не! Единствено со ХИВ тест може да се дознае ХИВ-статусот . Најдобро е тестот да се прави три месеци по ризичното однесување. Затоа тестирајте се! Може да се тестирате во младинските центри „Сакам да знам“ на Водно и во Шуто Оризари.
3. Не! ХИВ го има во плунката, но не во доволна количина за да се пренесе. ХИВ се пренесува единствено преку крв, сперма, претсемена течност, вагинален секрет и мајчино млеко.
4. Шансите за пренос на вирусот од мајката на бебето се многу мали (< 1%), доколку се преземат одредени мерки (мајката знае за ХИВ статусот и зема антиретровирусна терапија). Затоа е неопходно да се тестирате и да го дознаете својот ХИВ- статус. 5. Доколку навремено се открие ХИВ и лицата редовно земаат терапија, со ХИВ се живее долг и квалитетен живот. Антиретровирусната терапија не му овозможува на вирусот да се размножува, го потиснува вирусот во телесните течности, и доколку се зема редовно, терапијата делува како превенција за ХИВ.

Дополнителни информации...

Наскоро

Публикации...