Машките се секогаш спремни за секс, а поголемиот дел жени не сакаат да имаат секс

Објаснување:

Сексуалната желба е сосема нормална појава без разлика за кој пол се работи. Таа се доживува како резултат на разни стимули (лични преференции, животно искуство, културни норми) и може да биде насочена кон еден или кон обата пола. Сексуалната желба е променлива и зависи од повеќе физички, емоционални и социјални фактори, но не и од полови разлики.

Митови:

  1. Машките секогаш сакаат да имаат секс и никогаш не глумат оргазам.
  2. Отсуството на ерекција значи отсуство на желба за секс.
  3. За да постои квалитетна врска еден од партнерите мора да се прилагоди кон тоа што му претставува задоволство на другиот партнер.
  4. Со текот на годините се намалува сексуалната желба.

Факти:

  1. Мажите не сакаат постојано да имаат сексуален однос. Всушност, како и сите луѓе и тие доживуваат менување на нивото на сексуалната желба. Исто така не мора секој сексуален однос да е проследен со оргазам, ниту пак, мора да се има сексуален однос за да се доживее оргазам.
  2. Сексуалната желба не е иста со физичкиот одговор. Може да се има ерекција и без сексуална желба, но и обратно, да се има желба за секс, но да не може да се постигне ерекција.
  3. За да постои квалитетна врска се потребни повеќе фактори, од кои можеби најважен е комуникацијата, како и заемното почитување и исполнување на сексуалните желби на двајцата партнери.
  4. Сексуалната желба може да трае до длабока старост, да има променливи нивоа низ животот и, на кратки временски растојанија, да биде различна и кај самото лице и меѓу партнерите, независно кај кого во моментот е повисока/пониска во зависност од различни фактори. Сепак сексуалната желба може да се намали низ годините, а особено ако постарите лица се осудени од околината поради неа. Но, тоа не значи дека во староста желбата сосема се губи. Многу луѓе доживуваат некаква сексуална желба низ целиот свој живот.

 

Зборувањето за сексуалната желба и возбуда најчесто предизвикува непријатност и срам, бидејќи за нив се врзани различни митови. Често се случува од средината да произлегуваат многу неточни информации и пораки, па под нивно влијание луѓето да бидат под силен притисок и да градат невозможни очекувања од себе или од другите во однос на нив или да ги потиснуваат или негираат.

Во зависност од тоа за кој пол се однесуваат, овие пораки често се различни и неточни по својата содржина, па за машките градат слика дека тие секогаш сакаат и можат да имаат сексуален однос, дека имаат поголемо право на доживување сексуално задоволство, а за жените – дека не треба да ја покажуваат својата сексуална желба, бидејќи е сигнал за неморалност, па дури и дека тие, всушност, не сакаат да имаат сексуален однос, итн. Под притисок на ваквите пораки страдаат и двата пола, но особено девојките и жените.

Сексуалната желба е сосема нормална појава, без разлика за кој пол се работи. Сексуалната желба може да трае до длабока старост, да има променливи нивоа низ животот и на кратки временски растојанија да биде различна и кај самото лице и меѓу партнерите, независно кај кого во моментот е повисока односно пониска, во зависност од различни фактори. Сексуалната желба може, но не мора да се поврзува со сексуална активност (може да се има сексуален однос, но и не мора).

Постојат разлики меѓу луѓето за тоа што им причинува сексуално задоволство, кое не мора да се поврзува само си имање генитален сексуален однос (може и преку: себедопирање или допирање од страна на друг, фантазирање, зборување, читање, гледање филм, галење, бакнување). Нема само еден правилен начин за негово доживување, но она што е важно е партнерите да комуницираат на таа тема за полесно да се запознаат меѓу себе сексуално и да можат и да си дадат адекватно сексуално задоволство. Тука од особена важност е да нема повредување, притоа тоа да биде и израз на меѓусебен договор. Секоја сексуална желба не мора да заврши со доживување сексуално задоволство. Секој треба да се труди за сексуалното задоволство и на партнерот.

Изучувајќи го задоволството младите градат позитивен став за рамноправноста меѓу половите во однос на сексуалната желба и задоволство.

Дополнителни информации...

Наскоро

Публикации...